Игротека

Видео: Ја однеле ќерката да го види Стоунхенџ – нејзината реакција насмеала многумина

Кими Хотон на социјалните мрежи објавила преслатко видео од реакцијата на нејзината ќерка на атракцијата Стоунхенџ. Сето тоа се случило при семејно излегување, а реакцијата на девојчето насмеала многумина што го виделе видеото.

Како што открила оваа мајка во видеото, на нејзината ќерка тоа ја потсетило на сцените од популарниот анимиран филм „Снежното кралство“. Преслаткото девојче има изненаден израз на лицето, а на самиот крај од видеото почнало возбудено да вреска. На многумина што го погледнале видеото смешното врескање на девојчето ги потсетило на Олаф, еден од нивните омилени ликови од анимираниот филм.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top