Игротека

Видео: Грижлив брат ѝ помага на својата сестра да се слезе по скали

Моника Хили споделила слатко видео од внукот и внуката на „Тик-ток“. Оваа тетка го споделила моментот кога момчето ѝ помагало на својата помала сестра безбедно да се спушти по скалите на терасата во дворот, а што се случило на самиот крај, никој не можел да предвиди.

Момчето е многу внимателно додека ѝ помага на својата сестра. Ја држи за рака и ѝ кажува слатки зборови како „Добро си?“ и „Браво, душо“. Меѓутоа, проблемот настанал на последното скалило кое било превисоко за малото девојче, а поради сплет на околности, слаткиот брат и сестра не можеле да одржат рамнотежа и паднале во растенијата покрај скалите, но ниту еден од нив не е повреден.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top