Многу родители со нетрпение го очекуваат моментот кога нивното сакано куче ќе го запознае нивното новороденче – замислувајќи сцени достојни за филм на „Дизни“. Но, за Брајан и Неива Артин, тој момент не бил како што го замислувале. Нивниот црн лабрадор Гас реагирал на начин што истовремено го забавувал и воодушевил интернетот. Брајан (24) споделил видео на „Тик-ток“, од моментот кога тој и Нив (25) ја донеле својата ќерка Мејси дома. Наместо ентузијастична средба, Гас само површно го мириснал новороденчето, а потоа одлучил дека има интересни работи што треба да ги прави.
На видеото, кое собрало повеќе од 1,3 милиони прегледи и 174.300 лајкови, се гледа како Гас едвај фрла поглед кон Мејси пред да замине.
-Гас веќе покажува поголем интерес за Мејси – често ја гледа како спие и лежи до неа додека дреме. Кога сме сите заедно на каучот, Гас се стиска меѓу нас и Мејси. Понекогаш доаѓа, ја помирисува и ја потпира главата на каучот до неа. Кога сме сите заедно како семејство, тој секогаш е тука за Мејси – објаснил таткото.