Голферот Џорди Гарнер на годишнината од роденденот на неговиот покоен дедо одлучил да направи неверојатен потег. Тој возел 11 часа за да ја изненади својата баба и да се погрижи таа да не го помине тој ден сама.
Тој ја изненадил баба си во едно кафуле. Ѝ пришол со цвеќе и подарок, а таа не можела да ја сокрие среќата. Видеото што го фати тој трогателен момент беше објавено на „Тик-ток“ и за брзо време стана вирално.