Игротека

Видео: Еве зошто сакате да го „изедете“ вашето бебе

Сте се запрашале ли некогаш зошто посакувате да го „изедете“ вашето бебе?

Има и зошто – два збора: слатка агресија.

Ако реагирате на вашето бебе со грицкање или желба да му ги штипкате слатките образи, слушнете добри вести – науката вели дека тоа е нормално, а еве и зошто: неодоливиот сладок изглед на нашите бебиња нè прави премногу среќни, толку многу што понекогаш нашиот мозок не може да се справи со тие емоции. Па таквите агресивни одговори ни помагаат да се соземеме од преголемата возбуда и сето тоа нè прави емоционално балансирани родители и подобро опремени за да се грижиме за нашите слатки бебиња.

Па следниот пат кога ќе посакате да го грицкате своето бебе, сетете се дека не само што правите бебето да се смешка, туку сте и добар родител.

Извор

Поврзани написи

To top