Во случај да не сте во тек со хигиенските навики на холивудските родители, ова е мал увид во таа област. Имено, Ештон Качер и Мила Кунис учествувале во поткастот на Декс Шепартд и зборувале за тоа колку често ги капат своите деца – кога можат да „видат“ дека се валкани и интернетот експлодира со коментари за нивните хигиенски навики.
Нивното гостување доведе до тоа и други славни родители да признаат дека не ги капат своите деца секој ден, што доведе до уште поголема дискусија на интернет. Но, Ештон одлучил да објави видео во кое се гледа дека тој и Кунис ги капат своите деца. Видеото е смешно и во него се гледа како Кунис и Качер се шегуваат за целата ситуација. „Вода е! Вода!“, се смее Кунис додека објаснува дека нивните деца се потпени во вода и сапун. „Налеваш вода врз децата? Дали се обидуваш да ги стопиш? Дали се обидуваш да ги повредиш со водата? Ова е смешно! Што се случува?“, се шегува Качер. „Ги капеме нашите деца“. Тој тврди дека ова е 4. пат таа недела како ги капат своите деца.
Автор: Касандра Стоун