Воспитување

Видео: Емотивен момент кога мајка шимпанзо првпат го среќава своето бебе

На вирално тик-ток-видео кое пристигнува од зоолошката градина во округот Седгвик во Вичита, Канзас, мајка-шимпанзо и бебе повторно се спојуваат неколку дена по нејзиното породување, затоа што малечкото морало да биде на кислородна поддршка.

Женката Махале морала да оди на итен царски рез откако долго време имала породилни болки. Бебето Кучеза било безбедно породено.

На видеото, Махале полека се приближува до нејзиното бебе, кое е целосно завиткано во ќебенце. Тогаш бебето ја крева раката во воздух, и толку ѝ беше потребно на мајката за да скокне и да го прегрне.

Извор

Поврзани написи

To top