Секој што некогаш го видел Двејн Џонсон веројатно малку се исплашил од неговиот изглед. Оние огромни мускули, ќелав, а и со сите тие тетоважи… Многумина ќе помислат: „Овој човек нема милост, без сомнение!

Но, сите ние што знаеме дека ова „чудовиште“ од маж е всушност Двејн Џонсон, знаеме и дека со причина го викаат „Карпата“, но знаеме и дека се работи за човек чии усни се мачкани со кармин од неговите ќерки… Знаеме дека е прекрасен татко и исклучително чувствителен маж, а тоа постојано го докажува. Пред неколку дена објави видео кое едноставно сите нè трогна. Двејн добил една желба од четиригодишно девојче, како дел од фондацијата „Смисли желба“, во која е вклучен, а желбата гласела:

– Сакам Карпата да ја пее „Нема на што“ (You’re welcome) од Моана за мене.

Желбата пристигнала од Лили Гереро, за која Двејн рекол дека се наоѓа на домашна нега и дека е многу болна. Ова всушност била „желба за брзање“.

-Тоа значи дека времето едноставно не е на наша страна кога станува збор за оваа конкретна желба – рекол Рок во видеото.

-Лили сега е на домашна нега и ја гледа Моана секој ден, цел ден, така рече нејзиниот татко. Таа сака Двејн Џонсон да ѝ ја пее „Нема на што“ и да ја сними за да може да ја слуша одново и одново и одново и одново – рекол Двејн пред да почне да пее.

Тој додал дека мајката и таткото на Лили го замолиле да ја сподели оваа желба на социјалните мрежи за да го сподели духот и силата на Лили и нејзината „мана“ (хавајски термин за универзална, божествена енергија).

-Се разбира, ја земаме таа енергија и ѝ ја враќаме на Лили – додал Двејн, истакнувајќи дека младата обожавателка на Моана е супер возбудена поради сето тоа, иако таа не може да зборува во моментот бидејќи е на цевка за хранење.

По многу емотивен вовед, следуваше песната „Нема на што“, популарна песна испеана од Мауи, ликот на кој Двејн му го даде гласот во саканиот анимиран филм „Моана“ од 2016 година. Двејн ја пееше песната онака што би им ја пеел на своите ќерки, со срце и душа.

Инаку, Двејн открил дека неговиот татко бил еден од првите членови на Фондацијата „Смисли желба“ и еден од првите што исполнувале желби.

-Морам да ја споделам оваа „итна“ желба со сите вас. Лили Гереро, почестен сум и ова е за тебе… Те сакам и сакам секогаш да знаеш колку си посебна – истакнал Џонсон.

Извор



912

X