Игротека

Видео: Двегодишно девојче се појавило на прес-конференција и го украло вниманието на сите

Тимот на „Минесота твинс“ го победи „Бостон ред сокс“ во бејзбол-лигата во САД, но луѓето заборавиле на тоа и не престануваат да зборуваат за ќерката на менаџерот на тимот, Роко Балдели.

Имено, Балдели на прес-конференцијата ја донел својата двегодишна ќерка Луиза, каде што говорел за победата на тимот. Сепак, малото девојче почнало да му го подава на татко си секое бејзбол-топче што го наоѓало во собата. Таа постојано била во кадар и му ја додавала топката на нејзиниот татко, а тој секојпат ѝ се заблагодарувал.

„Бебето Балдели сакаше да си игра за време на прес-конференцијата на тато“, е насловот на видеото објавено на „Твитер“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top