Игротека

Видео: Двегодишно дете му го зело мобилниот на татко си за да го сними својот танц

Двегодишниот Меклин Питман станал сензација откако го зел мобилниот телефон на својот татко на свадба и го снимил неговиот енергичен танц. Малиот Меклин присуствувал на свадбата на својот вујко, со неговите родители Џим и Џеси Питман, а семејството уживало во танцување на подиумот. Во еден момент момчето истрчало до својот татко и го грабнало неговиот мобилен телефон, што било снимено на видео споделено на „Тик-ток“ од страна на неговата тетка.

Гордиот татко вели дека виралното видео, кое досега е прегледано повеќе од 39,5 милиони пати, совршено ја доловува уникатната личност на Меклин.

-Тој е најзабавното мало момче, и не го велам тоа само затоа што е мој син. Каде и да оди, зборува и се смее и ги радува луѓето околу него. Таков е, заразен е во таа смисла. Видеото е урнебесно. Но, не можам да кажам дека се изненадивме – тоа е едноставно тој – заклучил таткото.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top