Игротека

Видео: Доктор ѝ јавува на пациентка дека ин витро-оплодувањето е успешно

За некои парови зачнувањето дете е долг и болен процес. Тоа особено се однесува на оние што поминуваат низ медицински потпомогнато оплодување, односно постапки кои вклучуваат хормонски инјекции и оперативни зафати, а гаранција за успех нема.

Поради тоа, кога конечно ќе стигнат добри вести, луѓето се прилично возбудени. Една клиника за плодност објавила на „Тик-ток“ снимка од лекар кој ѝ се јавил на својата пациентка за да ѝ соопшти дека е бремена.

„Каде е твојата девојка? Дај ми ја на телефон, пријателу“, вели лекарот Лоренс Б. Верлин кога на телефон се јавил партнерот на пациентката.

Кога ја добил пациентката, лекарот се свртил кон персоналот, почнал да одбројува, а тие извикале: „Бремена си!“ „Честитам!“, вели д-р Верлин, додека пациентката возбудено му се заблагодарува.

Видеото станало вирално, а луѓето не ги штеделе позитивните коментари. „Ова е најслатко нешто“, напишал еден корисник. „Морници. Одлична клиника“, напишал друг, додека трет коментирал „Ова ме расплака, ох Господе“.

Од клиниката порачале: „Ние не сме само центар за плодност, ние сме семејство“.

Watch on TikTok

Автор: Корин Милер

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top