Тифани ги насмеа инстаграм-корисниците со видео од нејзината ќеркичка која, верувале или не, наместо слатки, бара брокула. Малото девојче е буквално опседнато со овој зеленчук и сака да го јаде постојано, а Тифани сними момент во кој таа со нетрпение го бара.

– Ако моето дете некогаш се здебели од брокула, ова ќе биде причината – се пошегува Тифани во описот на видеото, кое на „Инстаграм“ има повеќе од 11 милиони прегледи. На снимката, малечкото девојче стои покрај неа во кујната и упорно бара брокула. Бидејќи сè уште не зборува јасно, начинот на кој ја моли својата мајка за брокула е пресладок.

Видеото воодушеви милиони луѓе, а многу родители веднаш се јавија со прашања барајќи го „тајниот рецепт“ на Тифани и нејзиниот сопруг Шон за тоа како успеале нивната ќеркичка толку многу да засака зеленчук.

Извор



912

X