На кинеските социјални мрежи се појави видео од ученичка од основно училиште во Тијанџин, Кина, која го моли својот татко да ѝ дозволи подолго да игра.
Видеото беше објавено на кинеската платформа „Доујин“, а на него се гледа како Тинг Тинг се обидува да го вразуми нејзиниот татко додека плаче.
– Со почит, може да поставам прашање? – прашува девојчето со насолзени очи.
– Дали се однесувам лошо со тебе? Дали правам нешто погрешно? Што и да е, може да ми кажеш. Ќе се сменам. Но, потребно ми е слободно време. Не можам да го поминам цел ден учејќи. За да учам, потребен ми е баланс меѓу училиштето и работата. Дали разбираш? – му вели девојчето на нсвојот татко.
– Веќе ја завршив домашната работа, завршив сè, дали е проблем што играм? – додава Тинг Тин.
– Во ред, можеш да играш. Но, не предолго. Во последно време си добро девојче – вели нејзиниот татко.
-Во последно време? Јас сум добро девојче секој ден – вели таа.
Таткото ѝ вели дека нема големи очекувања од неа, на што таа возвраќа: – Немаш големи очекувања? Она што го бараш од мене ни робот не може да го направи. Дури и да ми пораснат осум раце, не би можела да ги завршам сите работи.
Потоа Тинг Тинг го уверува нејзиниот татко дека таа е независна и способна да се грижи за себе. Наместо тоа, таа го советува нејзиниот татко да го пренасочи својот фокус на справување со сопствените прашања, како што се плаќање на хипотеката и киријата.
– Ова се моите последни зборови за тебе. Те молам, цени го нашето детство – вели таа.
912