Кога станува збор за работите кои најпрецизно го опишуваат родителството, на врвот се моментите кога ќе го фатите детето како прави нешто што не треба да прави. Ваквите ситуации се сосема очекувани и вообичаени се додека нема сериозно нарушување, оштетување или некое незаконско дејство.
Начинот на кој родителите се справуваат со тие благи престапи се разликува од семејство до семејство. Една мајка на потешкиот начин дознала дека нејзиниот метод, колку и да бил добронамерен, не завршил толку добро, а секој може да научи од нејзината грешка, а и да се насмее.
Корисничката со прекар „missmoose14“ објавила видео од безбедносната камера од детската соба на нејзиниот син. Нејзиниот мал син Брејден, од предучилишна возраст, се шетал низ неговата соба иако требало да биде во кревет и веќе да спие. Од безбедносната камера одеднаш одекнува гласот на неговата мајка: „Брејден, врати се во својот кревет“. Брејден се запрепастува од неочекуваниот звук кој како да излегува од никаде и се расплакал.
Текстот во видеото гласи: „Прв и последен пат ја користам функцијата за разговор на камерата. Од овој момент детето се плаши од камерата“. Видеото е прегледано речиси 15 милиони пати и има 28.000 коментари.
„Се обложувам дека повеќе нема да го напушти креветот“, се потсмева еден корисник. Некои луѓе нашле и позитивна страна на крикот на Брејден: „Тоа дете никогаш нема да биде киднапирано. Меѓународната вселенска станица би знаела за тоа“. Некој пак, додал шега за името на момчето: „Малиот првпат сфати дека се вика Брејден“.