Елена Абуеид споделила трогателен момент помеѓу нејзиниот помлад брат и баба им на „Тик-ток“. Имено, девојката го снимила моментот кога момчето пристигнало дома и ја здогледало својата баба, која дошла на гости и го изненадила.
Момчето не можело да поверува дека неговата баба е во собата и веднаш ѝ притрчало в прегратка. Топлиот момент станал вирален, а видеото досега е прегледано 3,8 милиони пати и добило повеќе од 700.000 лајкови и многу позитивни коментари.
Watch on TikTok
„Посакувам баба ми и дедо ми да живеат вечно“, „Каков прекрасен момент“, „Изгледа многу му недостигала баба му“, „Посакувам повторно да ги видам баба ми и дедо ми, многу ми недостигаат“, „Ова видео е совршена утеха за сите нас кои веќе немаме баби и дедовци“, се дел од коментарите.