Игротека

Вежбаме со Биби и Боби! Нови видеа од „Светот на Биби“

Децата (и родителите) ќе можат да вежбаат заедно со Биби и Боби во најновите видеа од серијалот „Вежбаме со Биби и Боби“. Првото видео е веќе објавено и уште веднаш можете да си го пуштите и да видите колку сте издржливи. Ова анимирано фитнес-видео е објавено на нашата едукативна платформа edukacija.svetotnabibi.mk. За вежбите ви е потребна само желба. Може да вежбате дома и не е потребна никаква дополнителна опрема. Но, мораме да ве предупредиме, дури и Боби се измори. Линкот до видеото е во продолжение.

Следуваат уште многу забавни и едукативни видеа на edukacija.svetotnabibi.mk.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top