Софистицирани ВИ чет-ботови можат да го подобрат успехот на учениците кога станува збор за решавање задачи, но не секогаш има вистински напредок во процесот на учење, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.
ВИ во наставата: помош или пречка?
Вештачката интелигенција применета во наставата може да им помогне на децата да решаваат конкретни задачи и да постигнат подобри резултати во училиште, но во крајна линија може да го попречи самиот процес на учење и да резултира со интелектуална летаргија и невнимание кај учениците, покажуваат податоците на ОЕЦД.
Софистицирани ВИ чет-ботови како „Џеминај3, „Клауди“ и „Чет-ГПТ“ можат да го подобрат успехот на учениците при решавање задачи, но не мораат секогаш да придонесат за напредок во процесот на учење, велат истражувачите од група земји кои ги споделуваат овие податоци, повикувајќи се на најновите откритија.

Подобри резултати со ВИ?
Истражувањата покажуваат дека учениците со пристап до ВИ чет-ботови постигнуваат подобри резултати од своите врсници при решавање задачи, наведува ОЕЦД, но додаваат дека оваа предност исчезнува или дури може да има контраефект кога пристапот до ВИ алатки е ограничен, на пример, за време на испит.
Целта на учењето и наставата првенствено мора да влијае врз развојот на вештини, како што се самостојно размислување и способност за препознавање врски помеѓу предметите.
Кога учениците премногу се потпираат на ВИ, менталните процеси и трудот вложен во разбирање на задачата се намалуваат или изостануваат, истакнуваат истражувачите.
Наспроти тоа, ВИ алатките развиени за образовни цели обично носат долгорочни подобрувања во учењето, наведува ОЕЦД, додавајќи дека таквите специјализирани ВИ алатки можат да им помогнат и на неискусните наставници да го подобрат квалитетот на наставата и на тој начин да ги подобрат резултатите на учениците.
Организацијата советува ВИ апликациите во училиштата да се користат селективно и со цел да се збогати самиот процес на учење, а не за да се замени когнитивниот напор на учениците или да се ослабат човечките односи, кои се основа на образованието.
Тоа значи дека ВИ не е замена за луѓето, туку начин да се приспособи професионалниот педагошки труд на променливата работна сила, користејќи комбинација од вработени со полно работно време, привремени и хонорарни наставници за да се одговори на променливите барања, со поголема флексибилност споредено со традиционалните модели, смета ОЕЦД.
Поттикнување да размислуваат
ОЕЦД тврди дека учењето и наставата првенствено треба да се стремат кон развој на драгоцени човечки знаења и вештини, како самостојно поттикнување на размислување и развој на основни способности.