Техники за подготовка на велигденски јајца има многу, а кога во неа ќе се вклучат децата, креативните можности се бесконечни, исто колку што е голема детската радост.

Наталија Милорадовска ни подготви весели велигденски јајца со декупаж-техника. Оваа техника не е тешка за изведба, а во изработката може да се вклучат децата на многу различни начини, зависно од возраста. Подготовката не чини многу, а секое јајце е како насликано.

Откако ќе се сварат јајцата, се оставаат да се изладат. Претходно избрани хартиени салфетки се раздвојуваат доколку се повеќеслојни и од нив се сечат мотивите или деловите од цртежите што сакаме да се залепат.
Се лепат со белка од јајце. Откако на јајцето ќе се постави исечениот дел од салфетката, нежно се премачкува со белка за да се залепи за лушпата.

При изработката, зависно од возраста на децата, треба да се внимава безбедно да ракуваат со она што се употребува за изработка на јајцата.

Трикови за да не пукнат јајцата додека се варат

-Нека има доволно простор меѓу јајцата додека се варат.

-Додајте малку сол или киселина во водата за варење.

-Температурата на водата за варење постепено зголемувајте ја.

-Пред да ги ставите да се варат, нека бидат приспособени на собната температура.

-Кога водата со јајцата ќе зоврие, постепено намалувајте ја температурата.

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите бидејќи со варењето се измива заштитната мембрана и преку лушпата можат да навлезат бактерии. По варењето се ставаат во ладилник и стојат најмногу една недела.

На видеото може да видите како да подготвите куќичка од чоколадо.

Децата може да направат и кошничка за јајце.



912

X