Mинистерот за здравство Венко Филипче изјави дека невакцинираните деца нема да се примаат ни во градинка ни во училиште. Вчера Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе заклучок да се прогласи епидемија од мали сипаници, морбили, во целата држава.

– Најдовме и одлуки на Уставниот суд, кој претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Јасни се одлуките на Уставниот суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво – изјави Филипче и додаде дека има доволно МРП-вакцини.

Тој појасни дека мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучила дека има позитивна законска регулатива и покрај една контрадикторност во Законот за задолжително основно образование. Меѓутоа, како што рече, има многу прецизно дефинирани членови во законите за здравствена заштита и за заштита на населението од заразни болести, во правилниците за имунизација, каде што таа е задолжителна, дека децата мора да се вакцинираат.

Засега Министерството нема нови мерки за сузбивање на епидемијата, но министерот тврди дека будно ја следат состојбата.



912

X