Игротека

Традиција во Германија: Велигденското зајаче во Градот на велигденски јајца примило рекорден број писма. Што пишувале децата?

Велигденското зајче во северното германско село Остерајштед, што во превод буквално значи „Градот на велигденски јајца“, никогаш не примило толку многу писма од деца како годинава. Рекордни 59 илјади писма биле испратени до велигденското зајаче по име Хани, истакнал портпаролот на германската пошта за „Дојче пост“.

Минатата година имало 40.500 писма испратени во селото, кои тогаш биле одговорени од страна на поштенската служба во рамките на традицијата стара 4 децении, која привлекува пораки од цел свет, а целта е да се поттикнат децата да пишуваат писма.

– Прво бев исплашен дека нема да има доволно писма – рекол Ханс-Херман Данкер, поранешен раководител на поштата кој го предводи тимот за пишување писма, составен од 15 волонтери. – Но, сите беа дома и имаа време да напишат писмо. Затоа бројката е толку висока – рекол Данкер, мислејќи на мерките за самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Во прекрасно декорираните писма за зајачето Хани Хасе децата ги пишуваат своите желби за добро здравје.

„Знам дека сега е чудно време“, се вели во едно писмо.

Децата жалат што во моментот не се во можност да ги посетат своите баби и дедовци или пријатели.

„Се надевам дека и покрај карантинот, ќе најдеш места за криење на јајцата во мојот стан“, напишало едно дете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top