Воспитување

Веганка добила доживотна казна затвор бидејќи го изгладнила синот до смрт

Веганката Шила О’Лири била осудена на доживотен затвор поради изгладнување на нејзиниот син Езра, што довело до неговата смрт.

38-годишнта Шила следела строга веганска диета и била осудена по шест точки – убиство од прв степен, тешка злоупотреба на деца, тешко убиство од небрежност, злоупотреба на деца и две точки за запоставување на детето.

Изрекувањето на пресудата во округот Ли, Флорида, претходно било одложено четири пати, а сопругот на Шила, Рајан Патрик О’Лири, сѐ уште е во затвор и го чека судење за истите обвиненија, пишува „АП“.

Инспекторите рекле дека парот признал оти семејството јадело само свежо овошје и зеленчук. Шејла го хранела и својот 18-месечен син со сопственото млеко, а во септември 2019 година, кога тој починал, тежел 8 килограми, се вели во полицискиот извештај.

Двојката од Кејп Корал имала уште две деца, на возраст од 3 и 5 години, кои исто така биле неухранети. Четвртото дете претходно му е вратено на биолошкиот татко, исто така, поради неисхранетост.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top