Иако многумина сметаат дека мајката ја има најважната улога во растењето и воспитувањето на детето, постојат мигови кога таткото е незаменлива фигура. Особено кога станува збор за машките деца. Ова се најважните работи што секој татко треба да му ги посочи на својот син.
Понекогаш поразот е неизбежен
Без разлика колку пријатели има, за машкото дете најдобриот другар на секој натпревар е неговиот татко. Преку натпревари децата најдобро сфаќаат колку труд е потребен за успех. Далеку од тоа дека присуството на мајката е непожелно, но децата ја гледаат мајката како утеха и топлина, додека натпреварите се одличен пример за детето да сфати дека понекогаш поразот е неизбежен. И да сфати дека доколку падне, сè што треба да направи е да стане и да продолжи.
Добриот однос кон жените е многу важен
Мајката може да му каже на синот како да се однесува со жените, но таткото тоа најдобро може да му го покаже преку сопствен пример. За овие работи синовите најдобро учат од своите татковци. Исто така, пожелно е детето својот татко да го гледа како суперхерој. Да сфати дека херои не се имагинарните суштества од малите екрани, туку оној човек што е со него секој ден.
Искрен разговор за љубовта
Вистинските машки разговори за љубовта, заљубеноста, првата симпатија. Тоа е нешто што ниту една мајка не може да му го пренесе на синот како што може таткото. Освен тоа, овие разговори се клучни за градење доверба помеѓу таткото и синот, дека постојат работи за кои само тие двајцата знаат. Долгорочно гледано, токму овие момчиња во иднина стануваат одговорни мажи.
Да се возврати удар во вистинското време
Таткото е тој што треба да го научи детето како да се бори за да ја оствари замислената цел. Токму таткото треба да го научи синот да биде храбар и праведен. Кога да возврати, а кога е најдобро да ги игнорира провокациите.
Секој треба да го пронајде своето јас
Пред сѐ, и таткото треба да има свое јас. Детето мора да сфати дека и покрај тоа што родителите се согласуваат при неговото воспитување, тие имаат различни гледишта на светот. И тоа е сосема во ред.
Различните искуства се добредојдени
Детето многу брзо ја согледува разликата помеѓу машката и женската манифестација на љубовта. Додека мајките преферираат да го галат и прегрнуваат детето, татковците преферираат поактивни изливи на емоции. Тоа се игрите во кои има трчање и врева. Ова претставува здрав баланс помеѓу родителите бидејќи на овој начин детските потреби се задоволени.