Воспитувањето дете, без разлика дали е момче или девојче, носи свои предизвици. Сепак, постојат некои разлики во воспитувањето, особено кога синовите и ќерките ги учиме различни работи.
Три мајки на девојчиња, Џина Меџорс, Кејтлин Моран и Моника Басу, издвојуваат неколку нешта на кои сакаат да ги научат своите ќерки пред да пораснат.
Сакај се себеси за да те сакаат другите – Ако не се цениш себеси, нема да те ценат ни другите. Научи да се сакаш и да не се грижиш за мислењето на другите бидејќи не можеш на сите да им угодиш. Но, не претерувај, себичноста не е добра.
Внатрешната убавина е важна – Води грижа за себе и секогаш биди средена, но запомни дека повеќето мажи се вљубуваат не во изгледот, туку во жените со кои имаат за што да разговараат.
Научи се да прифаќаш комплименти – Идеално е да им веруваш и да бидеш полна со самодоверба. Кога ќе добиеш комплимент, едноставно кажи „благодарам“ без дополнителни оправдувања.
Почитувај го своето тело – Храни го здраво, грижи се за него и не гледај на него како на проблем, дури ни ако не ти се допаѓа нешто, како обликот на носот или големината на струкот. Најважно е да си здрава.
Користи заштита од сонце – Иако потемнетата кожа изгледа убаво, УВ-зраците не се безбедни. Сончевата светлина ја оштетува кожата, предизвикува рани брчки и може да доведе до сериозни проблеми.
Не носи неудобни обувки – Дури и ако сите други девојчиња носат такви. Високите потпетици се за посебни пригоди, не за секојдневно носење бидејќи болката не е вредна за изгледот. Облечи пониски потпетици кои ќе ти го чуваат здравјето.
Научи да кажеш не – Не плаши се да ја користиш оваа реченица. Со годините ќе има повеќе ситуации кога ќе мораш да одбиеш луѓе, како упорни момци или алкохол.

Ако не те покани момче, не сака – Момците кои навистина сакаат ќе најдат начин да комуницираат и да те поканат. Ако не го прават тоа, не барај оправдувања, продолжи понатаму.
Не брзај со ништо – Не брзај да се мажиш или да имаш деца само затоа што пријателките веќе го направиле тоа. Во брзањето лесно се греши и се каеме поради тоа.
Не плаши се од солзи – Не криј ги емоциите, особено лошите. Плачењето те зајакнува, а времето е најдобриот лек за раните.
Научи да бидеш независна – Колку порано научиш да готвиш, переш, чистиш и поправаш мали работи, толку ќе ти биде полесно во животот.
Секогаш си добредојдена дома – Без разлика што ќе се случи, имаш дом каде што можеш да се вратиш. Ќе ни биде драго да те видиме кога и да дојдеш.