Воспитување

Важни прашања за кои треба да разговарате со детето

Како родител, сигурно знаете колку е важно да разговарате со вашите деца, да одберете вистински зборови кои ќе ги натераат правилно да размислуваат. Од друга страна, и за децата е важно да разговараат со своите родители.
Еве 16 прашања за кои може да разговарате со вашите деца:

Опишете го вашиот карактер со 5 збора
Ова прашање ќе му помогне на детето подобро да се разбере себеси и ќе увиди како и другите го гледаат. Кога детето ќе ги увиди своите доблести и маани, полесно ќе си го најде своето место во овој огромен свет.

Што најмногу сакаш да правиш?
Со ова прашање го насочувате детето да размислува за тоа што го прави среќно и во што наоѓа најголемо задоволство. Ова ќе му помогне само да одлучи на што да го посвети своето време.

Што можат твоите пријатели да научат од тебе?
Многу деца живеат во заблуда дека сè околу нив зависи исклучиво од нив. Во животот не треба да размислуваме само за себе, туку и за околината. Одговорот на ова прашање може да го охрабри детето да се чувствува како да е единствена личност, дека има нешто што другите го немаат. Кога детето се чувствува посебно, во него се буди желба за понатамошно надградување.

Што е тоа што можеш да го научиш од своите пријатели?
Не значи дека си подобар од другите ако си уникатен и посебен. Ова прашање му помага на детето да сфати дека како што тоа е единствена личност, така и сите околу него се единствени личности и имаат нешто што другите го немаат, а што треба да се цени и може да се усвои.

Кој момент во твојот живот ти беше најтежок?
Животот не е составен само од светли сончеви денови, понекогаш доаѓаат силни ветрови и бури. Децата треба да бидат психички подготвени и за такви денови и да знаат дека тие ќе поминат.

Кои лекции ги научивте од тешките ситуации?
Во животот често се соочуваме со различни проблеми и не сме сите способни еднакво да се избориме со нив. Добро е кога децата учат од своите грешки, но и од грешките на другите луѓе, на пример, родителите.

Како би го искористил во иднина тоа што го научи денес?
Ова прашање му сугерира на детето дека еден ден ќе порасне во возрасно лице кое треба да носи вистински одлуки и да прави вистински избори, и сето тоа се темели на искуствата и знаењето што ги стекнува сега. Кога децата ја разбираат важноста на учењето, тоа ги поттикнува да најдат задоволство во својот образовен процес.

Ако можеш да се вратиш три години назад, каков совет би си дал сам на себе?
Кога на детето ќе му го поставите ова прашање, ќе дознаете кои проблеми му се акумулирани во свеста, па му пречат да ужива во животот, што е веќе половина од решението. Покрај тоа, разговорот за ова прашање ќе го научи да учи од своите грешки.

Кон кого чувствуваш најголема благодарност?
Ова прашање им помага на децата внимателно да ја испитаат добрата страна на животот и да бидат благодарни. Луѓето уште од мали треба да учат за благодарност и да научат да се заблагодаруваат.

Разбираш ли како се чувствуваат другите луѓе?
Во животот е важно да се создадат силни врски и да се избегнат конфликтите, а за тоа е потребно да се разберат чувствата на другите луѓе. Ако вашето дете го разбира она што другите го чувствуваат, ќе му биде полесно да се снајде во која било средина.

Како го замислуваш својот живот во иднина?
На децата им е потребно да ја замислуваат својата иднина и да ја планираат. Ова прашање ќе му помогне на детето да се справи со сопствените желби, очекувања, аспирации.

Што мислиш, кој од твоите другари мене најмногу ми се допаѓа? И зошто?
Друштвото на децата во голема мера влијае врз нивниот карактер. Ако тие се цело време опкружени со негативни луѓе, порано или подоцна ќе станат такви. Важно е родителите да знаат кои од другарите имаат најголемо влијание врз детето.

Ако станеш познат, по што би сакал да се прославиш?
Добар начин да дознаете какво значење има зборот „успех“ за вашето дете. Дали успехот е исклучиво поврзан со пари или со нешто друго? Од одговорот ќе дознаете кои се целите на вашето дете и која личност му е пример.

Кога би можел, што би променил во светот?
Не заборавајте дека мислите можат да се материјализираат. Ќе дојде ден кога вашето дете ќе сфати дека утре е нов ден и дека секој нов ден е нова можност за животот да се промени на подобро. Дека е среќен оној што чита, дека сите тешкотии се минливи и дека е способно да ги реши своите проблеми. Охрабрете го вашето дете на големи дела.

Како можеш да му помогнеш на близок човек?
Животот понекогаш на многу луѓе им предизвикува болка: болест, мизерија, ментално растројство… Затоа е многу важно блиските луѓе да ги третираме како браќа и сестри. Обидете се да го научите детето да верува дека може да им помогне на своите блиски луѓе.

Ако можеш да напишеш закон, за што би бил тој?
Живееме во свет во кој има одредени правила и строги закони. Децата треба да разберат дека правилата и законите не се донесени за да нè казнуваат, туку да го направат нашиот живот поедноставен. Ако го разберат ова, децата ќе станат одговорни и ќе ги почитуваат правилата.

Поврзани написи

To top