Родителството е процес на учење, а најдоброто нешто што младите татковци можат да го направат е да учат од мајките. Еве неколку работи што младите татковци би требало да ги знаат за нивните најмили.
Не чекајте мајката да побара помош
Променете му ја пелената на бебето додека мајката спие. Фрлете ја облеката во машината за перење. Причувајте го бебето додека вашата жена се тушира. Доколку ви е непријатно да помагате околу бебето, тогаш сработете нешто околу куќата.
Таткото е еднакво родител како и мајката
Често пати се случува мајката да сака помош, но не прашува, а вие сакате да помогнете, но не сакате да ѝ пречите. Сепак, помошта е неопходна бидејќи таткото е еднакво родител како и мајката.
Секој момент со семејството е важен
Ценете го секој момент поминат со семејството. Работните задачи и проекти може да почекаат. Уживајте во секој дел од денот поминат со вашето бебе.
Вие сте најголемата поддршка
Хормоните на мајката ќе бидат уште полоши по породувањето. Имајте трпение и разбирање за неа. Вие заедно поминувате низ истиот период од животот. Затоа токму вие треба да ѝ бидете најголема поддршка.