Игротека

Важна работа што им помага на учениците да бидат поуспешни

Зошто е потребна физичка активност за децата? Прво, човечкото тело е создадено да се движи, а физичката активност е природна потреба на организмот. За жал, модерниот начин на живот ги промени животните навики, не само на возрасните, туку и на децата, кои сѐ повеќе остануваат пред екраните и помалку се активни. Експертите веруваат дека поттикнувањето на децата да се движат има повеќекратни ефекти. Ги развива нивните физички, моторни, когнитивни и емоционални карактеристики.

Неодамнешно истражување покажа дека физички поактивните основци во просек имаат подобри резултати во визуелните и читачките активности, како и во меморијата од оние што не биле активни. Научниците од Универзитетот во Нотингем Трент набљудувале 104 ученици на возраст од девет до единаесет години кои извршувале низа задачи со когнитивна функција веднаш по вежбањето и по 45-минутна пауза.

Зголемената физичка активност води до подобри резултати

Тие откриле дека менталните вештини кои вклучуваат работна меморија, флексибилно размислување и самоконтрола постепено се подобруваат веднаш по физичката активност. Децата што имале ваква активност пред да извршат когнитивни задачи биле пет до десет отсто побрзи во откривањето на точните решенија.

Истражувачите, исто така, откриле дека на децата им се допаѓа физичката активност повеќе од решавањето, социјалниот аспект што е присутен во неа, како и фактот што се прави на отворено. Ова посочува дека вежбањето може да биде ефективен и одржлив начин за зголемување на физичката активност, кондицијата, а со тоа и менталните способности кај децата. Водечкиот истражувач д-р Сајмон Купер, вонреден професор на Факултетот за наука и технологија на Универзитетот во Нотингем Трент, вели:

– Нашата работа ја покажува важноста на можностите за редовни физички активности во училиштата, не само за здравјето, туку и за училишниот успех и академските достигнувања.

Студијата е објавена во списанието „Псајколоџи оф спорт енд ексерсајз“, а денес 13.379 училишта низ светот учествуваат во оваа програма наречена „Дејли мајл“ (Дневна милја). Проектот е најпопуларен во Велика Британија, каде што се вклучени повеќе од 8.000 училишта. Оваа програма може да помогне да се промовира здрава тежина кај децата и да им помогне на тинејџерите да ја надминат депресијата.

– Една од фундаменталните цели на фондацијата е да им даде можност на децата да уживаат во редовна физичка активност за да ја подобрат нивната кондиција. Знаењето дека подобрената кондиција може да ги подобри когнитивните способности на децата е исклучително важна порака што треба да ја слушнат сите родители – заклучува Купер.

Извор

Поврзани написи

To top