Игротека

Вашето детето не јаде зеленчук? Пробајте ја тактиката на овој дедо

По дневната работа во британскиот парламент, Кевин Мегваер ја презема улогата на саканиот дедо Кев. Тој ги споделува своите искуства со внуците со читателите на веб-страницата „Мирор“ во колумна, во која овој пат открива како ги натерал да јадат зеленчук.

– Старите трикови и понатаму се најдобриот начин да ги натерате децата да јадат зеленчук. Некогаш ги користев сите можни методи за да ги убедам моите три деца да јадат сè.

Поткупот не бил поткуп со сладолед, чоколадо и слично. Тој не користел ни закани, ниту емоционална уцена. Најефективен метод е воведувањето предизвици. Претворањето на една лажица храна во авион и имитирањето мотор додека лета кон нивните усти било особено забавно задоволство за неговите внуци.

– Оваа игра до ден-денес ја користам со мојата внука, која неодамна наполни две години – вели Кени.

Нејзиниот постар брат има четири години и сè уште ужива во секој ваков предизвик.

– Истата техника ја применив и со грашокот минатата недела. Олеснителна околност е што малиот Л. е самопрогласен вегетаријанец, па најчесто сака зеленчук и избегнува месо – вели дедото. Но, успеав да го убедам да изеде сè докрај. Му предложив секое изедено парче да се брои и да измериме со која брзина ќе го изеде целиот зеленчук – вели дедото.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top