Откако тргнало во градинка, девојче на 19 месеци не сака да го јаде ручекот дома, особено одбива зеленчук и месо. Нутриционистот Тена Нисетео ѝ одговара на загрижената мајка што да направи
Мојата ќерка, која има 19 месеци, откако почнаа да ја хранат во градинка, не сака повеќе да го јаде ручекот дома. Една недела не јадеше месо и зеленчук, кои дотогаш не ги одбиваше. Се обидував да ја нахранам на различни начини, но безуспешно – вреска и плаче штом ќе ѝ се приближам со чинијата. Не знам што да правам, пие млеко и сака дајаде овошни кашички, но никако не руча. Ве молам за совет зашто се плашам дека не внесува доволно витамини и другинутритиенти што се наоѓаат во месото и во зеленчукот.
– Однесувањето на вашето дете не е вообичаено. Чудно е што одеднаш не сака да јаде оброци што не се благи (месо и зеленчук), а, од друга страна, без проблем прифаќа и јаде овошни и млечни оброци. Ваквото однесување може да биде резултат на адаптацијата на новиот ритам, односно на градинката, а честопати може да се работи за посттрауматско однесување, можеби детето изело некој жежок оброк, па сега ги одбива топлите оброци или може да се работи за некое друго сценарио, всушност, тоа тешко ќе го утврдите.
Првин, пробајте да му дадете на детето месно-зеленчуков оброк што е на собна температура, а ако ни така не го прифаќа, месото и зеленчукот може да ги камуфлирате во овошните оброци, на пр., на децата често им се даваат пилешко и мисиркино месо со банана и житарки, компирот може да се комбинира со јаболко и морков, а зелените салати може да ги додадете во овесна каша.
Полека, постапно воведувајте супи и месни оброци, најдобро е кога детето ќе биде добро расположено и кога целото семејство ќе се собере за ручек. Обидете се со нови намирници што вашето дете не ги јадело: костен, тиква, авокадо и сл. во комбинација со месо и риба.
Ако детето подолг период одбива месо и зеленчук, и покрај обидите за камуфлажа со овошни и млечни кашички, во исхраната на детето, особено во зимскиот период, воведете мултивитамини со минерали, соодветни за нејзината возраст.