Сигурно сте забележале дека вашето дете секојдневно покажува интерес за тоа како работат мобилните телефони, телевизорите, компјутерите или другите електронски уреди. Можеби често ве прашува како доаѓаат звуците до радиото, како некој уред знае дека почвата е влажна или како работи алармниот систем кој го имате во домот.

И токму затоа IQ UP! e овде!
IQ UP! училишните центри за иновативна СТЕМ-едукација за деца низ државата организираат интерактивна СТЕМ-работилница „Забавна електроника“, наменета за деца од 8 до 12 години, токму за млади љубопитни умови како вашето дете.


Што ќе истражуваме на оваа работилница?


Овој пат фокусот ни е ставен на практично истражување и креирање вистински, функционални електронски уреди. Вашето дете ќе добие можност да работи со вистински електронски компоненти и ќе ја развие својата креативност и логичко размислување преку четири возбудливи проекти:
• Функционално радио: Детето ќе научи како се примаат и емитуваат радиобранови и ќе состави сопствено радио што навистина ќе може да фаќа радиостаници. • Сензор за мерење влажност на почвата: Преку практичен експеримент, децата ќе создадат уред што им помага да проверат кога растенијата имаат потреба од вода – корисно и интересно за сите мали љубители на природа.
• Алармен систем против кражба: Ќе состават мал, но ефективен алармен систем кој ќе се активира веднаш кога некој ќе се обиде да земе нешто што не му припаѓа.
• Дигитално радио со програмирање: Покрај физичките уреди, ќе навлеземе и во основите на дигиталното програмирање. Децата ќе создадат едноставен, но интересен дигитален проект – радио што ги менува радиостаниците со притисок на копче.


Зошто вашето дете ќе ја обожава оваа работилница?


• Практика наместо теорија: Нема долги и здодевни објаснувања – децата учат со работа и со директна изработка на сопствени уреди. • Поттикнување иновации: Работилницата развива креативност, критичко размислување и иновативност.
• Возбудлива атмосфера: Децата го сакаат чувството дека сами создаваат нешто што функционира.
Подарете му на вашето дете искуство кое ќе му ги поттикне љубопитноста, креативноста и љубовта кон науката и технологијата.
Детали за работилницата:
Времетраење: 90 минути
Цена: 500 денари

Локација: IQ UP! училишните центри низ државата
📌 Местата се ограничени – резервирајте го вашето место денес!
Регистрирајте се на овој линк: www.iqup.mk/zabavna-elektronika/#IQUP или на тел. во IQ UP! училишниот центар најблиску до вас:
IQ UP! Аеродром – 070 382 269 IQ UP! Карпош – 078 887 889
IQ UP! Велес – 075 340 443
IQ UP! Битола – 071 242 476
IQ UP! Прилеп – 071 308 446
IQ UP! Охрид – 078 249 507
IQ UP! Кавадарци – 075 448 873
IQ UP! Кичево – 071 777 939
IQ UP! Штип – 075 381 933
IQ UP! Гевгелија – 077 771 708
IQ UP! Струмица – 078 340 709

(Комерцијална објава)



912

X