Воспитување

Ваше дете, ваш неред: Однесување на јавно место

Сум била присутна на толку ситуации кога моето дете (сега 14 години) и моите многубројни внуци и внуки истуриле пијалак или храна. Мојата најголема грижа во тие ситуации е детето да знае оти се случуваат такви нешта. Тогаш станува моја одговорност да го насочам однесувањето на детето (ако е доволно возрасно) и да се адресира нередот. Со други зборови: Мое дете, мој неред.

Знам дека не е убаво, особено кога сте единствениот возрасен што е присутен, а денот ви бил ужасен, без разлика дали се работи за собирање парчиња храна од подот или барање помош од персоналот за да исчистите, но, сепак, не треба да се остави нередот на местото. За разлика од жена која беше засрамена во едно кафуле затоа што го стори токму тоа. Таа беше објавена на социјалните медиуми на страницата од кафулето зашто со своето 11-месечно бебе оставила неред на подот.

Дури објавиле и „снеп“ од нередот. Родителството е труд и љубов, но и исцрпувачко и валкано искуство во поголем дел од времето. Некогаш, едноставно не сакате да го правите тоа и ве сфаќаме – јас сум самохран родител веќе 12 години. Но, проголтувањето на таквите моменти, исто така, е дел од работата на родителите. Па така, јас сум на страната на кафулето. Не мислам дека објавата на социјалните медиуми за мајката била потребна, но очигледно им било преку глава. „Додека мајките и бебињата се добредојдени кај нас, не е добредојден ваквиот неред со никаков обид за расчистување, ниту пак извинување, особено откако некој ќе каже – Оставив бакшиш последниот пат кога бев“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Сестрата на жената го видела тоа и била вчудовидена. „Како на младите мајки да не им е доволно тешко, па сега вие со вашава тажна објава се обидувате јавно да ги засрамите“, налутено напишала таа. Малку ја промашила поентата. Не се работи за мајките, од кафулето не се обиделе да ги нападнат и изолираат. Тие едноставно бараат достоинство – стандард на однесување кое ги почитува нив и нивниот персонал. „Да бидеме јасни, би објавиле слична порака без разлика на тоа кој го оставил нередот и спротивно на ова што сте го напишале, објавата не е насочена само кон младите мајки – немаше ниту едноставно – Извинете за нередот“, одговориле од кафулето.

Размислете вака: Сте обезбедиле добра услуга и вашиот клиент го уништува тоа. Не е во ред. Непристојно е и без почит.

Кучето го средува нередот

Еднаш имав пријателка која го оставаше своето куче по вечерата да го изеде нередот под масата. „Ми заштедува време за поминување со правосмукалка“, велеше таа. Па кога излегуваше со децата, а немаше куче за да го расчисти нередот, едноставно оставаше огромен неред зад себе. Никогаш не вршеше надзор над децата одблиску, не собираше ништо, ниту се извинуваше. Застрашувачко е бидејќи нема манири. Не се зборува тука за туркање на столот до масата по заминување. Се зборува за еден квадратен метар од храна која ги промашила устите на децата. Се работи за основна работа во општеството која налага да се однесуваме како што се однесуваме и дома кога сме на јавен простор, грижливо и со почит.

Што значи: Ваше дете, ваш неред. Ако ништо друго, признајте го тоа.

Автор: Нама Винстон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top