Сте одлучиле да побарате алтернативно училиште за своето дете, но не сте сигурни дали повеќе одговара на вашиот начин на размислување моделот Валдорф или Монтесори? Не сте осамени. Многу родителите не ги разбираат целосно образовните модели што стојат зад нив. Погледнете ја оваа споредба за да дознаете која филозофија или метода повеќе ви одговара.

Валдорф

Кога ќе влезете во Валдорф-училиште, веднаш ќе забележите мирно опкружување. Во овие објекти при уредувањето најчесто се користат пастелни бои, со кои се бојат заоблените ѕидови, имаат детали од свила, дрвени играчки и мебел, како и плетени кошници, а мириса на пчелин восок и есенцијални масла. Во училницата учителот го поздравува речиси секое дете ракувајќи се, а потоа го изнесува планот за тој ден. Децата веднаш знаат која приказна ќе ја слушаат, кога ќе се пеат песни и кога ќе има вежби. Учениците на Валдорф-училиштата учат да танцуваат, да ткаат, да свират на различни музички инструменти и да размислуваат поетски. Со оглед на тоа дека зачувувањето на детството е од најголема важност, учениците не се форсираат, а читањето не се поттикнува до трето одделение. Учениците поминуваат многу време учејќи класични бајки и песни, како и учење за науката преку откритија и појави. Тие идеи се темелат на филозофијата на Рудолф Стајнер, кој верувал дека одредени фази во животот на детето се подобро приспособени на различни нивоа на свест и учење, па дека треба да се развива креативниот ум на децата, а не само да учат факти.

Монтесори

Влегувањето во Монтесори-училница би можело да ви се допадне. На ѕидовите има стратешки поставени полици со книги, па детето ќе може веднаш да ја пронајде темата што сака да ја истражи. Самите полици и сите материјали се шарени, практични и интерактивни. Учителот ќе седне со секое дете поединечно, покажувајќи на кој начин се занимава со избраната тема и ќе му даде на детето да продолжи самото да истражува и да учи. На учениците им е дозволено шетање низ училницата кога сакаат, па работата на која било постава за учење им е интересна во текот на денот. Веројатно во текот на годината сите ученици ќе ги истражат и совладаат сите теми. Овој модел го основала Марија Монтесори, а се заснова на идејата дека децата се природно љубопитни и имаат вродена желба за изучување на светот ако им се даде шанса. Заедно со експертите, учениците учат „практична уметност“, што вклучува чистење, учење различни работи, градинарство и готвење. Целта на Монтесори-образованието е да им се помогне на децата да станат независни, самостојни и одговорни, како во образованието така и во животот.

Заклучок

Пред да се одлучите за Валдорф или Монтесори-училиште за своето дете, обидете се да процените кој модел на образование би можел најдобро да одговара на темпераментот на вашето дете и потребите на вашето семејство. Ако имате активно дете на кое брзо му здосадува, можноста за истражување што ја нуди Монтесори-методата ќе му даде ментална стимулација. Ако пак, вашето дете е креативно и му треба учител кој ќе го води, поверојатно е дека ќе му одговара Валдорф-училиште.

Извор



912

X