Игротека

Вака изгледа патот на секоја вработена мајка

Милијардерот Ананд Махиндра од Индија сподели фотографија со која сака да покаже колку им е тешко на мајките да постигнат успех во бизнисот, но и да ги поттикне мажите домашните работи да ги делат со својата сопруга.

Жонглирањето помеѓу децата и кариерата претставува огромен предизвик и за мајките и за татковците, но во многу семејства жените и понатаму ги организираат повеќето домашни работи. Оваа комплетна нерамнотежа во поделувањето на работите на жените им создава огромен предизвик за создавање професионална кариера.

Бизнисменот Ананд Махиндра сподели илустрација на „Твитер“ која на сите им ги отворa очите, откако го чуваше својот едногодишен внук. На илустрацијата има три бизнисмени што се подготвени за трка. Мажите пред себе немаат никакви препреки, додека пред жените стојат препреки со облека, готвење и домашни работи и сето тоа треба да го поминат пред да ја започнат вистинската трка.

 

Махиндра изрази почит кон сите вработени жени и открива дека нивниот успех бара многу поголем труд отколку што е случајот со машките колеги.
Оваа илустрација стана вистински хит на социјалните мрежи. Многумина му се заблагодарија на бизнисменот за овој вид потврда дека жените имаат многу повеќе обврски и поголема одговорност во домот, за разлика од нивните партнери. Други искажаа надеж дека оваа илустрација ќе инспирира многу семејства да направат промени.

– Се надевам дека оваа илустрација ќе ги охрабри мажите да тргнат напред и да ги поделат обврските со своите сопруги – пишува на еден од коментарите.

Има многу што да се каже за поделбата на физичката работа, како што е одржување на облеката, готвење, чистење, како и за психичкиот напор, кој го опфаќа планирањето и извршувањето на секоја задача поради семејството. Тешко е да се направи поделба 50:50, но добар почеток е да се подели сè.

Наместо целосна поделба на домашните обврски, размислувајте дека сте партнери кои имаат ист интерес за воспитување на децата.
– Можеш да се погрижиш за облеката на детето, а јас ќе се погрижам правилно да ја напише домашната задача. Потребно е паровите да разговараат за тоа што е важно за семејството, како и што е важно за самите нив како личности – вели Шерил Зиглер, психотерапевт од Денвер.

Компромисот и комуникацијата се клучни. На самиот крај, важно е да се потсетите дека двајцата родители би требало да бидат во можност да ги постигнат своите цели и во својот дом и на работа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top