Игротека

Вака изгледа фотографирањето на првото, второто и на третото дете

Многу претходни истражувања покажаа дека постојат разлики во воспитувањето на првото, второто и третото дете. Додека со првото дете родителите обично внимаваат на секоја ситница и се грижат за најситните детали, кај третото веќе работите се попуштени и поприродни. Родителите не се под стрес бидејќи сè им доаѓа спонтано.

Никол Оливер, мајка на три деца, го покажа тоа преку свој пример објавувајќи урнебесно видео на својот тик-ток профил во кое се пронајдоа многу родители. Имено, на видеото таа на хумористичен начин ја покажа разликата помеѓу фотографирањето на првото, второто и на третото дете.

Ова не е само мислење на оваа мајка, туку и искуство што го делат многу други родители кои имаат повеќе деца. Првото дете го фотографираме и снимаме речиси секоја минута и ништо не пропуштаме.

Со второто го правиме тоа поретко бидејќи немаме толку време, додека со третото едвај успеваме да направиме неколку фотографии.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top