Здравје

Вадете ги децата надвор, но држете дистанца

Д-р Срѓа Јанковиќ, имунолог од Универзитетската детска клиника во Белград, вели дека во периодот додека не важи забраната за движење луѓето треба да излегуваат надвор од домовите и да дишат свеж воздух. Но, би требало да ги изберат местата за прошетка каде што нема многу луѓе.

– Парковите во оваа ситуација не се добар избор и не се препорачуваат бидејќи децата таму доаѓаат во контакт со други деца и возрасни на мал простор. Сега е цел контактите да се намалат на најмала можна мера за да се спречи ширењето на коронавирусот – вели докторот.

Вонредна состојба: Децата да шетаат надвор, но на безбедно! Им треба јонизиран кислород

За сите оние што ќе се одлучат да ги изведат децата на свеж воздух, докторот советува да бидат внимателни:

– Многу е важно да нема никаков контакт со други луѓе за детето да не добие вирус, а со самото тоа, што е исто така важно, да не дојде до можност за понатамошно пренесување. Свежиот воздух се препорачува и за најмладите и за возрасните, па макар и на тераса или на прозорец.

– Коронавирусот се пренесува преку капки и преку валкани раце, па така лицето што е надвор важно е да е оддалечено од други луѓе, бидејќи освен на предмети и работи, вирусот кратко време може да опстане и во воздухот – напоменува д-р Јанковиќ. Засега актуелните препораки не забрануваат излегување надвор, освен во полицискиот час, но тоа може да се промени. Во Франција и во Италија како мерка за превенција е забрането излегувањето во парковите.

Хигиена на играчките

– Како што сега мора да се зголеми хигиената на рацете, би морале и редовно и темелно да се чистат и играчките на децата. Платнените играчки редовно перете ги со детергент во машина, а ако тоа не можат да го „поднесат“, привремено тргнете ги за да не бидат на дофат на децата, додека не помине ситуацијата. Пластичните играчки секој ден дезинфицирајте ги со алкохол – вели д-р Јанковиќ.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top