Сите сме имале денови кога се будиме помалку позитивни и несреќни.
Но, видеото што ја прикажува утринската рутина на еден татко со неговата ќерка ќе ве натера да станете попозитивни и посреќни. Инспиративното видео, во кое таткото ја охрабрува ќерка си Алија е веќе прегледано повеќе од 12 милиони пати.
– Погледни се себеси, погледни во твоите очи. Мора да го видиш, во ред? Мора да го почувствуваш тоа – ѝ вели тој, додека двајцата гледаат во огледалото.
Потоа, гордиот татко ја тера својата ќерка да ги повтори следните зборови:
Јас сум силна.
Јас сум паметна.
Јас работам напорно.
Јас сум убава.
Јас почитувам.
Не сум подобра од никого.
Никој не е подобар од мене.
Јас сум неверојатна. Јас сум одлична.
– Ако паднеш…? – ја прашува тој неа.
– Повторно ќе станам – му одговара таа.