Игротека

Утре гледајте го „Кражба во музејот“, најновиот цртан од „Светот на Биби“

Утре на edukacija.svetotnabibi.mk ќе имате можност да ја гледате најновата сказна „Кражба во музејот“. Во неа зазулчињата Зуф, Зуи и Зик повторно прават проблеми. Сè почнува еден убав сончев ден. Биби, Боби, Зази, Зина и Р1 шетаат низ градот. Поминуваат покрај Природонаучниот музеј и… Одеднаш се слуша силен аларм, а од музејот истрчуваат – три зазулчиња! Тие носат еден мал камен – метеор. По нив трча чуварот на музејот. Биби и Боби се шокирани. Зазулчињата ги снемува во паркот (кој е спроти музејот), Зази и Зина се погледнуваат – па и тие се стрчуваат по нив. Биби и Боби не знаат што да кажат. Зошто зазулчињата го украле каменот? И каде отишле? Одговори на овие прашања ќе добиете утре!

„Кражба во музејот“ е и најновата сликовница од „Светот на Биби“. Автор на текстот е Билјана Црвенковска, а илустрацијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.

„Сказните на Биби“ се најгледаните анимирани видеа од „Светот на Биби“. Децата ги обожаваат токму поради тоа што се интересни и имаат волшебни заплети. Од друга страна, секоја бајка има своја поука. Па така, тие се омилени и меѓу родителите. кои еднакво го сакаат брендот. Сликовниците од „Светот на Биби“, пак постојано добиваат награди и признанија. Тие се пишувани и илустрирани од истакнати автори за деца. За кратко време овие сликовници станаа најпродавани и ние веруваме дека тоа е токму поради квалитетот и довербата што ја „Светот на Биби“ ја ужива кај родителите.

Покрај најновите сказни, на edukacija.svetotnabibi.mk може да се најдат и многу едукативни видеа и активности за децата.

Поврзани написи

To top