Секој родител се стреми да одгледа среќно и успешно дете, без разлика на тоа какви техники и стил на воспитување користи. Иако не е лесно да знаеме што е добро, а што лошо за нашето дете, експертите откриваат дека фокусирањето на развојот на една особина најдобро промовира успех кај нив. Се работи за емпатијата.

Имено, многу студии потврдуваат дека емпатијата е карактеристика на успешните деца. Но како воопшто да ја препознаеме? Емпатијата е способност да се разберат туѓите емоции. Во развојната психологија, истражувањата покажуваат дека емпатијата е сложена и игра клучна улога во севкупниот социјален развој на детето. А кога ќе пораснеме, емпатијата е клучна за успехот во нашите кариери, но и во романтичните врски.

Еден од главните знаци дека детето има добро развиена емпатија е способноста да ги препознае туѓите емоции. Како што објаснуваат психолозите, емпатичните деца можат да забележат кога некој друг плаче или е вознемирен уште од мали нозе. Некои деца и сами ќе се расплачат кога ќе видат друго дете како плаче или барем ќе се обидат да го утешат.

Покрај тоа, емпатичните деца секогаш ќе бидат подготвени да признаат кога грешат, особено ако нивните постапки имаат негативно влијание врз другите. На овој начин ќе покажат дека се грижат за туѓите чувства и дека се свесни дека признавањето грешка е секогаш позитивна работа, додаваат психолозите.

Извор



912

X