Домашната задача, работа што ученикот ја врши дома без помош и надзор од наставник, е важен дел од училишниот ден. Домашната работа помага да се научи самодисциплина, планирање на времето и потребните материјали и додатоци. Исто така, домашната работа им помага на децата да станат независни и сериозно да се сфатат себеси.

Домашната задача е работа. Понекогаш е комплицирана и тешка. Најчесто, тоа не е првото нешто што вашето дете сака да го прави по училиште. И конечно, честопати бара родителите да го испрашуваат своето дете или да му помогнат на некој друг начин наместо да читаат весник или да гледаат телевизија.

Ако ние, родителите, не сме заинтересирани за домашните задачи на нашето дете, ја губиме можноста да го научиме детето на позитивен став за работата. Овие вредности се премногу важни за да се остават на случајност.

Децата кои се успешни во училиште обично имаат родители кои ја разбираат важноста на нивната поддршка и кои пронашле начини да всадат позитивен пристап кон учењето, вклучително и домашните задачи. Овие среќни деца имаат родители кои се заинтересирани за она што се учи на училиште.

Воспоставувањето едноставни дневни рутини е од голема помош.

Читајте им на вашите деца уште од мали нозе. Редовното време за читање лесно ќе се претвори во редовно време за домашна работа кога децата ќе тргнат на училиште.

Одредете место и време за учење и домашна работа. Местото не мора да биде нешто посебно. Најважно е децата да ја добијат пораката дека извршувањето на домашните задачи е приоритет.

Исклучете го телевизорот. Најдобро е телевизорот да не е во просторијата каде што детето учи бидејќи на тој начин помалку ќе биде во искушение да го вклучи иако не ја завршило домашната задача. Многу едукатори препорачуваат телевизорот да биде исклучен во текот на целата работна недела.

Направете ја вашата „домашна задача“ додека детето ја прави својата. Можете да ја проверите состојбата на вашата сметка, да читате нешто, да работите некоја работа што сте ја пропуштиле за време на работното време, да пишувате писма. Важно е вашите деца да ве гледаат како читате или пишувате.

Инсистирајте домашната задача да биде завршена. Децата треба да научат дека е важно да се претстават себеси и својата работа на најдобар можен начин бидејќи тоа е показател за самопочит и почитување на другите. Навиката да се претставуваат на добар начин ќе им служи добро во текот на нивниот живот.

Проверете дали домашната задача е целосно завршена и дали е во ред.

Извор



912

X