Многу родители ќе се согласат дека криењето на подароците од децата е еден од најтешките делови од Божиќ, а овој татко го открил токму тоа. Имено, тој се шокирал кога едно попладне пристигнал дома со своите две ќерки и на прагот го пронашол подарокот што го нарачал за нив за Божиќ, во оригиналното пакување.
„Ова се случува кога ќе нарачате божиќни подароци преку интернет“, напишал тој покрај видеото од неговите девојчиња како стојат на влезната врата и возбудено го прашуваат својот татко дали тоа е нивниот подарок. Тој на „Тик-ток“ објави урнебесен клип од необичната ситуација и досега има 3,7 милиони прегледи.
„О Боже!“ извикува едно од неговите малечки девојчиња кога ја здогледува огромната розова кутија, додека нејзината сестра веднаш притрчала да види што е тоа. Кога сфатил што се случува, таткото Френк некако успева да се снајде во последен момент.
„Затворете ги очите, не е за нас, тоа е погрешна куќа“, рекол овој снаодлив татко, чија реакција до солзи насмеа многумина, а имало и такви што направиле слична грешка.
„Ова е урнебесно, моето девојче го најде својот божиќен подарок во плакарот една година. Ако ништо друго, барем сега никогаш повеќе нема да нарачате подароци онлајн“, коментирала една мајка.