Забава

Урнебесен одговор на мало девојче на прашањето зошто не сака да има деца

Една мајка на својот инстаграм-профил го сподели урнебесниот одговор на нејзината ќерка Алина на прашањето зошто никогаш не сака да има деца.

– Што е проблемот со децата, зошто не сакаш да имаш? – ја прашува мајката својата ќерка, на што таа одговара:

– Не сакам да ме малтретираат.

– Не сакаш да те малтретираат? Зошто ти мене ме малтретираш? – ја интересира мајката.

– Па, ти си сакала деца – вели Алина.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top