На 1 јули почнува Летната школа Бибиверзум во Општина Аеродром, во основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Блаже Конески“, и ќе трае до 31 август.

Програмата е наменета за учениците од прво, второ и трето одделение, а ќе се одвива секој работен ден од 7:30 до 16 часот.

Цената за еден месец е 7.500 ден. + 2.500 денари за појадок, ручек и десерт.

Дополнително се нуди пакет „Биби и Боби“, кој чини 1.000 денари, а содржи маичка, Активности за распуст, Активности со броеви, Активности со букви, биботи и друго.

Играње, цртање, дружење, едукативни работилници и многу забавни содржини се предвидени за долгите летни денови додека родителите се на работа, а главен акцент се става на интеракцијата меѓу децата, развивањето на критичкото мислење, концентрацијата, самодовербата, креативноста, одговорноста, трпението…

Минатата година 130 деца поминаа низ Летната школа, а за целата програма и доживувањата на учениците можете да прочитате на следниот линк

Можете да се пријавите на:  078 209 569.

Ве очекуваме!



912

X