Образовниот центар „Бибиверзум“ е дел од големата образовна платформа „Светот на Биби“. Образовната платформа интегрира многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата. Печатени и дигитални изданија, сликовници, боенки, училиштен прибор, играчки, друштвени игри и уште многу други производи. Сите тие ќе бидат дел од програмата во „Бибиверзум“.
На секој час ќе се обработува различна наставна содржина, а секој час ќе биде исполнет со видео со Биби и Боби, различни активности преку анимирани визуелни презентации, работни листови, игри, вежби, песнички, кои специјално се подготвени за најмалите. Децата ќе учат преку визуелна перцепција, истражување, ќе го поттикнат развојот на умствените способности и ќе го развиваат своето критичко мислење.
На часовите на интересен, креативен и забавен начин децата ќе учат заедно со ликовите Биби и Боби македонски јазик, математика, природа и општество, уметност, музика и уште многу други нешта.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 7 МЕСЕЦИ (октомври, ноември, декември, февруари, март, април и мај)
ВИД НА НАСТАВА:
- „Бибиверзум“ со физичко присуство (еднаш неделно 60 мин. – локација Аеродром – Скопје)
- „Бибиверзум“ онлајн (два пати неделно по 30 минути)
РАНИ УПИСИ:
ДО 26 СЕПТЕМВРИ – ЦЕНА: 1600 ДЕНАРИ / МЕСЕЧНО
ОД 27 СЕПТЕМВРИ – ЦЕНА: 2000 ДЕНАРИ / МЕСЕЧНО
Децата со насмевка на лицето ќе ги совладаат содржините кои ги нуди програмата на „Бибиверзум“ и ќе бидат побогати со низа нови знаења.
Наставата започнува на 4 октомври. Повеќе информации за програмата прочитајте тука: https://bit.ly/Bibiverzum
Пријавување преку овој линк https://svetotnabibi.mk/bibiverzum2021
912