Една мајка неодамна сподели сурова, но вистинита порака за сите трудници кои се во последните недели од бременоста.
Сигурно ви звучи познато: „Мислиш дека сега си уморна? Почекај само додека не дојде бебето.“ Но, според Мани, која пред три месеци стана мајка, ова тврдење е далеку од вистината.
„Уморна сум, но тоа не е исто како заморот во бременоста“
Во кратко видео таа објаснува за оваа заблуда.
– Ако си бремена во моментот и преморена, ама се плашиш дека ќе биде уште полошо откако ќе се роди бебето – затоа што сите ти велат: „Навикни се!“, немој да ги слушаш! Да, синоќа не спиев. Да, уморна сум, но тоа не е исто како оној умор во бременоста – вели таа.
Според неа, постои јасна разлика помеѓу овие два вида умор. Кога си уморна во бременоста, не можеш ништо да направиш. Телото не те слуша, нема контрола, само ти се спие, без разлика на сè. Но, кога си уморна затоа што имаш новороденче, ти си поспана, но функционираш! Будна си, се движиш, правиш нешта – вели таа и додава.
– Ќе стане полесно. Не дозволувај да те заплашат.

– Иако можеби не си спиела многу, уживаш во секој момент со своето бебе – нешто што не можеш да го кажеш за исцрпеноста од бременоста.
– Сега сум будна, си играм, разговарам, ме удира со нозете во лицето, менувам валкани пелени и зборувам на бебешки јазик – вели таа со насмевка.
Што велат експертите?
Според официјалната страница на австралиската влада за бременост и бебиња, заморот во доцната бременост е резултат на зголемената тежина и тешкотиите при спиење.
– Важно е да јадете здрава храна додека сте бремени. Ако се чувствувате уморни, обидете се да одморате колку што можете повеќе – тоа може да значи да ги кренете нозете додека седите, да побарате помош околу дома или порано да си легнете – советуваат тие.
Ако чувствувате екстремен замор, најдобро е да се консултирате со лекар.
912