Истражувањата покажале дека мозокот ја достигнува својата зрелост на 26 години и пред таа возраст не треба да се избере партнер за целиот живот, објаснуваат експертите
Многу работи биле различни во времето на нашите родители, особено кога станува збор за брак и љубовен однос меѓу маж и жена. Иако тоа не значи дека браковите денес се подобри, сепак постојат некои грешки кои ги правеле нашите родители
Брачниот живот и денес и некогаш се разликува по многу работи, тоа можеме со сигурност да го потврдиме. Што за нашите родители и родителите на нашите родители им биле најнормални, а за нас денес тоа се работи за кои не веруваме дека биле возможни?
Жените се мажеле многу млади
Многу родители биле загрижени ако нивната ќерка заминела на факултет без прстен на раката. Денес е нормално жената да не е мажена и во 30-та година од нејзиниот живот.
Истражувањата покажале дека мозокот ја достигнува својата зрелост на 26 години и пред таа возраст не треба да се избере партнер за целиот живот, објаснуваат експертите.
Мажот носел пари, додека жената останувала дома со децата
Иако е прекрасна работа да се грижиш за своето семејство, голем број жени во основа сметаат дека ваквите традиционални улоги на домаќинка и мајка се фрустрирачки. Таквите потиснати чувства предизвикуваат стрес во бракот, а еднаш кога децата го напуштат мајчиното гнезо, мајките се распаѓаат бидејќи го губат идентитетот.
Затоа е важно жената да се занимава со она што ја интересира, од кариера до разно хоби, а не само деца и домашни работи, бидејќи нејзиното задоволство со себеси е најважниот фактор за успешен брак.
Имало помала комуникација во бракот, а брачна психо-терапијата била реткост
Можеби некои брачни парови сакале да разговараат за своите проблеми, но не знаеле како. Во тоа време немало прирачници за помош ниту пак терапија за брачни проблеми, а на жените им било полесно да ги игнорираат проблемите отколку искрено да разговараат со нивните партнери.
Мажот и жената поминувале помалку време заедно
Во тие ретки случаи во кои излегувале, тоа било повеќе поради имиџот или кариерата на сопругот, отколку поради романтика. Брачните парови денес се свесни дека од време на време треба да излезат од рутината и со нешто да го освежат сопствениот однос. Со тоа, на тој начин и на децата им даваат добар пример за да сфатат дека мама и тато сакаат малку време за себе.
Жените немале само свое време
Додека мажите имале обичај да поминат време со своето друштво или на патувања од работа, со жените била друга приказна. Мајките и домаќинките некогаш имале ретка можност да бидат во друштво на возрасните, што денес е незамисливо. Истражувањата покажале дека жените кои поминуваат време во друштво на нивните пријатели се поздрави од оние кои тоа не го прават.