Забава

Направете велигденски украс со волница

Барате забавна и лесна идеја за претстојните празници? Овој украс со зајаче направено од картон и шарена волница е совршен проект за децата! Одлична активност за дома или за во градинка, која помага во развојот на креативноста и фината моторика, а резултатот е пресладок велигденски украс.

Што ви е потребно?

  • Рециклиран картон;
  • Селотејп и лепило за хартија;
  • Шарена волница по ваш избор.

Зошто оваа активност е одлична?

Ова е совршен начин да ги победите „досадните“ попладневни часови или да направите уникатни велигденски украси. Процесот е едноставен. Децата од предучилишна и училишна возраст ќе уживаат во комбинирањето на боите и во создавањето на своето зајаче.

Поврзани написи

To top