Здравје

Удвоен бројот на деца што користат електронски цигари во Велика Британија


Во Велика Британија бројот на деца што користат електронски цигари двојно се зголеми во изминатите две години, предупреди докторката Керолин Џонсон, конзервативна пратеничка и квалификувана општа лекарка, јави ДПА.

За време на деловната дебата во Долниот дом, Џонсон констатираше дека „светлите бои“ и „популарните ароми“ ги привлекуваат младите, иако овие уреди им се забранети.

Како што појасни таа, истражувањето сугерира дека половина од децата што ги користат признаваат дека ги купуваат во продавници, а електронските цигари содржат никотин, испарливи органски соединенија и хемиски ароми штетни за младите.

– Кога ќе можеме да имаме дебати со прашања до Владата за тоа како да ги спречиме децата да ги користат овие уреди – праша докторката.
Лидерот на Домот, Марк Спенсер, одговори дека од нејзино име ќе му се обрати писмено на министерот за здравство за да му го сврти вниманието кон овие грижи.

Процентот на деца во Велика Британија што пушат електронски цигари се зголемува, со тоа што многу од нив се под влијание на социјални мрежи како „Тик-ток“, покажуваат нови податоци.

Извор: МИА

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top