Воспитување

Учителка споделила одличен начин за запирање на кавгите меѓу учениците

Расправии, кавги, препирки, препукувања… Ни одат на нерви кога станува збор за возрасни личности бидејќи тогаш се многу посурови и посериозни. Но, ни одат на нерви и кога станува збор за деца. Трошење време да му се каже некому – некој што навистина ни се допаѓа, дури и ни е пријател – колку е глупав или досаден или дека носи погрешна маица во погрешно време… Да, децата се расправаат за толку неверојатно будалести работи…

Ако некој знае колку често и колку долго децата можат да се расправаат, тоа се наставниците. Не е лесно да се решаваат овие расправии секој ден, ниту да се слушаат. Затоа, една наставничка споделила рецепт што го смислила случајно, кога две 9-годишни девојчиња се расправале и се навредувале. Кога почнале да разменуваат навреди, наставничката Шелби Рајдаут се вмешала пред расправијата да ескалира. Еве како поминало.

Рајдаут го споделила својот едноставен пристап во видео на „Тик-ток“. Поентата на нејзиниот пристап е дека ако бараме проблем, речиси секогаш ќе го најдеме, па наместо тоа, треба да бараме заедничка основа – тогаш конфликтот се смирува. Наставничката истакнала дека двете ученички се навистина фини девојки и навистина забавни, смирувајќи ги духовите на расправијата на овој начин.

Девојките почнале да се расправаат затоа што претходно се навредувале една со друга. Едната ја нарекла другата дебела, а другата одговорила дека е лута затоа што таа прва ѝ се смеела… Јасно е колку е хаотично ова.

„Престанете!“ рекла Рајдаут и продолжила: „Дали знаете што се случува кога јас излегувам надвор во светот и барам проблем? Знаете што се случува секојпат? Наоѓам проблем! Секојпат кога барам проблем, го наоѓам! Нема да го правиме тоа! Нема да бараме проблем, ќе најдеме нешто заедничко.“

Потоа Рајдаут им кажала на девојчињата дека ѝ се допаѓаат и дека мисли оти и двете се фини девојки, поради што била изненадена од она што се случувало. Девојките престанале да се расправаат, а едното рекло дека имаат нешто друго заедничко – Исус. Знаејќи дека тоа е нешто што не мора да го имаат заедничко, наставничката го прашала другото девојче дали тоа е вистина, на што таа одговорила потврдно. Не поминало долго време пред девојчињата да почнат да се смеат и да се шегуваат, а наставничката знаела дека направила добра работа со многу малку труд.

@brightsignslearning #teachersoftiktok #storytime #foru #kindness #kids ♬ original sound – brightsignslearning

-Проблемот е решен. Во овој свет каде што секогаш бараме проблем – и секогаш наоѓаме проблем – зошто да не се обидеме да се согласуваме. Можеби некој сака праски колку што сакаме и ние. И тоа е почеток. Така почнуваме – вели Рајдаут во видеото.

Каква лекција! Можеме да го примениме ова и при расправиите меѓу браќата и сестрите. Сè што треба да направиме е да одржиме доволно здрав разум и – трпение.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top