Во основното училиште „Виктор Иго“ во францускиот град Гроле се случила прилично бизарна ситуација. Имено, учителка случајно погодила еден од учениците со молив, а неговите родители ја тужеле поради тоа. Инцидентот се случил кога учителката им рекла на учениците дека ако сакаат да споделат гума со соученик, треба да ја подадат, наместо да ја фрлаат низ училницата или да ги гаѓаат соучениците со неа.
Исто така, таа сакала да им ја демонстрира разликата помеѓу фрлање и додавање, а кога го фрлила моливот, тој се одбил од масата и го удрил ученикот во лицето, соборувајќи му ги очилата. По ова ученикот не се здобил со повреди, ниту има оштетувања на очилата, но неговите родители ја обвиниле учителката за насилство и поднеле тужба.
Исто така, тужбата довела до полициска истрага во која учителката била детално испрашувана и ѝ биле земени отпечатоци од прсти.
Целиот случај предизвикал големо негодување кај синдикатите на француските наставници, кои се крајно незадоволни од системот. Имено, тие ја изразиле својата загриженост бидејќи поради ситни грешки кои понекогаш се случуваат, може да го изгубат авторитетот во училницата. Исто така, сметаат дека ваквите обвинувања би го направиле училишниот систем уште поригиден, што би создало големи тензии во училницата, со што би им се отежнала работата.
912