Образование

Учениците во Чешка ги чека задолжително тестирање пред почетокот на учебната година

Сите ученици во Чешка ќе мора да се подготват за тестирање за коронавирус при враќањето во училишните клупи по летото. Три тестирања се планирани во растојание од неколку дена, најавиле министерството за здравство и министерството за образование. На оние што ќе одбијат да се тестираат нема да им биде дозволено да пеат во училиштето или да ги следат часовите по физичко образование.

Младите што веќе се целосно вакцинирани против ковид-19 се ослободени од тестирање. Владата, исто така, најавила нови попуштања на мерките од 1 септември. Ќе се укинат ограничувањата на капацитетите на базените, стадионите, во концертните сали, музеите и зоолошките градини.

Посетителите ќе може да влезат на тие места ако се вакцинирани, тестирани или ако веќе го прележале ковид-19. Во рестораните бројот на гости на маса се искачува од 4 на 6.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top