Родителите на децата со попреченост се гневни на Министерството за образование бидејќи поради доцниот избор и потпишување договори за вработување со образовните асистенти за оваа учебна година, нивните деца останаа дома на првиот училиштен ден и во првата учебна недела.

Зоран Мијалков од Штип, самохран татко на два сина со посебни потреби и претседател на Здружението „Сплотени срца“, во кое членуваат над 3.000 семејства, за „Факултети.мк“ вели дека поради пропустите на МОН, нивните деца не можеле да следат настава цела недела обвинувајќи ја министерката дека изнесува неточни информации за состојбата со образовните асистенти.

– Министерката за образование Весна Јаневска лаже без срам и перде. Асистентите сѐ уште немаат потпишано договори. Во моментов се викнати во ресурсните центри, но не знаеме дали ќе полагаат или ќе потпишуваат договори за работа. Министерката изјави дека на 2 септември ќе се потпишат договорите и дека од следниот ден децата ќе добијат асистенти. Немаат интегритет ни да кажат дека направиле грешка и дека ненавремено ја спровеле целата процедура. Направија дискриминација на нашите деца, а нема никој да сноси одговорност за тоа – обвини Мијалков.

Остатокот од текстот прочитајте го на Факултети.мк



912

X